Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес. Марадона починал од срцев удар во својот дом во главниот град на Аргентина, откако претходно месецов беше хоспитализиран поради операција на мозокот.
Фудбалска легенда на Аргентина, Марадона има 91 настап со репрезентацијата на кои постигна 34 голови.
Марадона со репрезентацијата на Аргентина настапи на 4 светски првенства а беше капитен на репрезентацијата која го освои Светското првенство во 1986 година во Мексико и првенството во САД во 1990 година, каде во финалето беа поразени од Западна Германија.
Неговиот трансфер од Бока Јуниорс во Барселона во 1982 година постави трансфер рекорд, кога каталонскиот клуб за него плати 3 милиони фунти, пред да постави нов во 1994 со трансферот во Наполи за кој наполитанците платија 5 милиони фунти.
Токму во Наполи Марадона го достигна врвот во кариерата помагајќи им на наполитанците да освојат две Скудета, во 1987 и 1990 и Купот на УЕФА во 1989 година.
Втората половина од неговата кариера, особено периодот во Италија, беше обележан со проблеми надвор од теренот, пред се неговата зависност од кокаин и алкохол. Првата суспензија ја заработи како играч на Наполи во 1991 година, кога позитивен на тест за дрога и беше казнет со 15 месечна забрана за играње.