Ковид19 Македонија Најважни

40 приеми на пациенти за едно деноноќие во скопските Ковид-центри

Безброј пати во денот – ова и другите вакви возила на Брзата помош ја поминуваат рампата во оваа болница. Итаат кај секој пациент кој има неопходна потреба од лекарска помош.

И не само во ГОБ „Осми септември“ туку ваква е сликата деноноќно во секоја болница, насекаде низ земјата. Корона вирусот е во полна сила во есенскиот бран.

За тоа доволен доказ се големиот број приеми во болниците. Сепак, место за нови пациенти има, нагласуваат здравствените власти во соопштение до јавноста.

Ковид-центрите во Скопје запишале 40 хоспитализации на нови пациенти позитивни на вирусот или пак сомнителни, за 24 часа. Речиси идентична бројка на оваа има и во графата наменета за пациенти пуштени дома – 37.

„Секојдневно сме во комуникација и координација со сите директори на болниците. Има прилив на пациенти и секако и одредена бројка на пациенти коишто се испишуваат, но поголем е бројот на приеми. Во скопските клиники во Клиничкиот центар се обезбедени болнички кревети во повеќе интерни одделенија, кадарот е прераспределен по систем на ротација, целосно е мобилизиран. За секој од тимовите има одговорен пулмолог и анестезиолог коишто помагаат во дијагностиката и лекувањето на пациентите. Цела зграда на интерните клиники е подготвена да прими пациенти. Во овој момент има околу стотина, 120 слободни кревети со кадар кој што секој момент може да згрижи пациенти“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.

А, од викендот кој претстои, пациенти ќе почнат да се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија.

Здравството е мобилизирано за да може да се одговори на потребите. Потребата од Ковид-центри во сите болници ја нагласија и доктори, бидејќи има пациенти коишто чекаат ред за различни интервенции. Листите на чекање периодов се зголемени.

„Состојбата со Ковид-19 придонесе за двоцифрени и троцифрени листи на чекање за операции од други хируршки болести, во оваа дополнително искомплицирана здравствена ситуација.“

Состојбата била подобра на почетокот на септември, но како расте бројот на болни од Ковид, така се зголемуваат и листите на чекање за другите болни.

„Бројот на пациентите внимаваме да биде на половина од бројот на креветите што се во одделението, со ПЦР тест. Меѓутоа, оние коишто имаат неодложна и итна потреба од оперативно лекување како и пациенти коишто цениме дека можеби во блиска иднина би дошле во една акутна состојба континуирано ги лекуваме. И пациенти коишто доаѓаат заболени од Ковид-19, а нивната општа состојба дозволува или се витално загрозени од некое хируршко заболување исто така се лекуваат оперативно со посебен протокол, во посебна сала и со преземање на сите мерки за превенција – и за нивното, но и за здравјето на персоналот“ изјави доктор Јасмин Циривири, началник на хируршките одделенија во ГОБ „Осми септември“ – Скопје.

Оваа состојба е очекувана, вели доктор Циривири.

А, во ГОБ „Осми септември“ во изминатото деноноќие биле примени 10 пациенти, десет помалку од Инфективната клиника каде што во функција се и дополнителните капацитети.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе