Собранието организираше надзорна расправа за причините кои довеле до стечај на Еуростадард банка.Како сведоци беа повикани гувернерката Бежоска и акционерот во банката Трифун Костовски кои одговараа на прашањата на пратениците. Кои ќе бидат насоките за натамошно постапување ќе зависи од заклучоците од расправата кои ќе треба дополнително да се изготват.
Гувернерката Бежоска и бизнисменот Костовски седнаа во собраниските клупи но овојпат како сведоци за случајот со Еуростандард банка која замина во стечај.Членовите на Комисијата за финасирање и буџет им поставуваа прашања ,за дел имаа одговори а за некои писмено ќе се произјаснат. Пратениците се интересираа за мерките кои се преземени од Народната банка, кои фирми подигнувале кредити и зошто тие не биле вратени,каква е моменталната состојба на банкарскиот сектор? Гувернерката Бежоска рече дека на неколку наврати од Еуростандард банка се барало да уплати капитал но таа наместо тоа д аго стори издавала кредити без соодветно покритие со што загубите биле големи.Извршени биле околу 70 супервизорски мерки.
Мнозинскиот акционер во банката ,бизнисменот Трифун Костовски обвини дека се работи за организиран криминал.
По завршувањето на надзорната расправа Комисијата за финасирање и буџет ќе треба да изготви извештај со заклучоци.Еуростандард банка ја изгуби дозволата за работа во август поради неконтролираното преземање ризик за кредитирање и големото издвојување на резервации за кредити кои не се враќале на време.над 70% од клиентите со заштеди до 30 000 евра ги подигнаа средствата кои им беа заробени додека останатите 780 депоненти кои имаат поголеми износи остатокот ќе треба да си го бараат од стечајната маса.
Јулијана Пешевска