Вести Македонија Топ вести

Се полнат и новите ковид- оддленија, дел од болниците одбиваат

Повеќе од 5000 корона позитивни има само во главниот град. Епидемиолошката крива непречено расте во нагорна линија. Напливот на болни од корона на кои им треба болничко лекување ја реоранизира работата на Клинички, јавуваат од министрество за здравство. Инфективната клиника  е веќе полна , и модуларната болница веднаш до неа. Пациенти се праќаат и во Козле и на институтот за белодробните заболување, кој само станам КОВИД Центар пред три дена , а до вчера примил 23 пациенти.

180 спезијализанти од внатрешноста и од Скопје се враќаат во матичните болници каде што се вработени. Нови 150 легла на интерните клиники  се подготвуваат да примаат и корона болни . Сепак,  паралелно ќе се лекуваат и досегашните пациенти, кои на лекар се јавуваат за терапија интернистички преглед , анализа јавуваат од здравство.

Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински персонал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките.

Одлуката дека една од интерните клиника – клиника за Неврологија , на која исто така ќе се лекуваат пациенти од ковид – 19 , ги подели невролозите.  Др.Таравари за Телма вели дека ризично е на клиника каде што има болни со хроничи болести но и со тепки клинички слики да станува ковид центар.

Денеска директорот на клиниката  се обрати преку својот фб , дека направени се црвени зони за ковид заразени – и зелена или чист дел за оние кои не се заразени со вирусот, и дека пациентите кои се лекуваат таму нема дополнително да бидат изложени на ризик и дека редовно ќе добиваат терапија.

Амбуланта и Неврофизиологија ќе бидат зелени зони, каде ќе функционира амбулантата за итни случаи и Мој термин.Итните невролошки пациенти од другите градови ќе се лекуваат во местата на живеење на невролошките одделенија и другите Клинички центри во државата.

До вчера вкупно во болниците во државата, заболени или суспектини на ковид има 763 пациенти, а  владата размислува доколку има потреба армијата да и помага на полицијата во обезбедување на болничките објекти.

 

Теодора Цветковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Од 15 часа до 40 без вода – скопјани се снаоѓаат со шишиња и кофи

Дејан Дејан

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе