Свет Топ вести

Помпео: Уште шест кинески медиуми означени како странски мисии

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека Стејт департментот означил уште шест кинески медиуми како странски мисии и објасни дека овој потег има за цел „потиснување на комунистичката пропаганда“.

Помпео на прес-конференција рече дека Соединетите Американски Држави утре ќе започнат дијалог за Кина со Европската унија.

Тој додаде дека во недела ќе отпатува за Индија, Шри Ланка, Малдиви и Индонезија и изрази надеж дека на состаноците ќе има дискусии за тоа како „слободните нации можат да работат заедно за да се спречат заканите од Кинеската комунистичка партија“.

Според него, Стејт департментот ги обележал Yicai Global, Jiefang Daily, Xinmin Evening News, Social Science in China Press, Beijing Review и Economy Daily како редовни мисии, со што бројот на медиуми со ваква ознака се зголеми на 15.

Помпео рече дека овој потег е дел од напорите да се спречат „обидите за кинеска комунистичка пропаганда“ во САД.

– Ние не поставуваме никакви ограничувања на она што овие медиуми можат да го објавуваат во САД. Ние едноставно сакаме да обезбедиме дека Американците и корисниците на информации можат да разликуваат вести за слободен печат од пропаганда дистрибуирана од самата Кинеска комунистичка партија, објасни Помпео.

Главниот уредник на кинескиот весник „Глобал тајмс“, Ху Ксијин, напиша на Твитер дека Соединетите Американски Држави „претерале“ и дека Кина ќе возврати.

„Сè додека кинеските медиуми трпат вистинска штета, Пекинг сигурно ќе возврати, а работата на американските медиуми во Кина може да биде вклучена во списокот на одмазда“, напиша Ксијин.

Стејт департментот побара од кинеските медиуми да се регистрираат како странски мисии, а во март објави дека го намалува бројот на новинари кои имаат дозвола да работат во американските дописништва на најголемите кинески медиуми од 160 на 100.

Како одговор, Кина протера десетина американски дописници за „Њујорк Тајмс“, „Вол Стрит Журнал„ од Њуз Корп и „Вашингтон Пост“.

САД, исто така, минатиот месец соопштија дека ќе бараат од кинеските дипломати да добијат одобрување од Стејт департментот пред да ги посетат универзитетските кампуси во САД или да одржат културни настани со над 50 лица надвор од мисијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе