Оценка со пенкало во дневник барем годинава ќе биде глетка од минатото – надлежните од ресорот Образование подготвија модел како да бидат оценети децата во време на пандемија. Насоките за училиштата и за наставниците ги срочија го упатство за наставници, од единаесет страници. Препорака од Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат до училиштата е првите сумарни оценки онлајн да бидат ставени до 20 ноември. Ваквиот нов, пандемиски начин на оценување во ситуација кога најголемиот дел од наставата се одвива онлајн освен за децата од прво до трето одделение е предизвик за училиштата, а првите насоки наставниците ги добиле уште пред еден месец.
Упатствата во прирачникот за наставниците се утврдени од страна на Бирото за развој на образованието. Од Министерството за образование велат дека во случаи каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организират индивидуални средби со овие ученици преку кои наставниците ќе формираат оценка. Слабости во системот на оценување секогаш може да има дури и во наставата со физичко присуство, вели директорката Ангеловска.
Доколку средбата служи за оценување препорачано е да присуствувааат три до пет ученици. Менторските средби се истакнуваат на веб-страниците на училиштата. Критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите.
Петар Догов