Македонија Топ вести

Димитров: ЕУ со односот кон С.Македонија ќе покаже дали е заедница на вредности и принципи

Усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, ќе ги заокружи историските успеси на земјата по зеленото светло за отворање на пристапните преговори и  членството во НАТО, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на видео-конференциска средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија.

Вредностите и принципите на Унијата, според Димитров, зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ.

– Како Европската Унија ќе се постави кон ова прашање – правото на македонскиот народ на самоопределување – ќе влијае врз тоа дали и понатаму ќе можеме на Унијата да гледаме како на заедница на вредности и принципи, посочил Димитров, во однос на предизвиците со кои се соочува земјата во светло на одржувањето на Првата меѓувладина конференција.

На средбата, иницирана од амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, по повод неодамнешниот Извештај на Европската комисија за Северна Македонија и пакетот за проширување, Димитров посочил дека истиот претставува објективна и сеопфатна проценка на нашиот напредок, идентификувајќи ги областите на кои треба да ги фокусираме реформските активности, со посебен акцент на приоритетните области поврзани со првиот Кластер – Темели.

Димитров, се вели во соопштението, исто така, информирал и за мерките што Владата ги презема за подобрување на ИПА структурата, односно за капацитетите на апсорпција на ЕУ фондовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе