Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за надзорна расправа за „Еуростандард“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за одржување надзорна расправа за случајот „Еуростандард банка“. За иницијативата насловена како „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“ пратеничката група бара да биде ставена на гласање на првата наредна седница на Комисијата за финансирање и буџет.

На својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски напиша дека пропаѓањето на „Еуростандард банка” е македонскиот втор „ТАТ”.

„Кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката? Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе