Вести Македонија Топ вести

Позитивните на КОВИД 19 едвај стигнуваат до ПЦР тест

„Живеам во Скопје  , кога ги почувствував симтомите веднаш се јавив кај мојот матичен лекар за да закажам тестирање за КОВИД. Но, до сабота немаше место во ниту еден од пунктовите за земање брис во Скопје“

 

„Со денови чекам за да ми земат брис бидејќи имам симтоми на Косона вирусот, но најбрз термин беше само доколку отпатувам за тест во Велес или Тетово,  а со температура и болки во мускулите воопшто не можам да возам“

Вакви пораки стигнаа до нашата редакција, граѓаните се жалат дека со симптоми на бирусот не само што чекаат , туку и дека ги пртепаќаат да им се зеде брис и на пунктови во други градови, а не онаму каде што живеат. Уште една поплака е и дека дури и за обични прегледи и анализи докторите бараат од пациентите да направат серолошки тест, па потоа да приложат и негативен тест за корона. Министерот Филипче пак вели дека ниту една здравствена институција нема таква препорака.

Инаку последниве недели најголем број од заразените со ковид се луѓе од 30 до 60 години. Меѓутоа, опаснитот вирус не ги заобиколи ни децата. Па така , откако ги отвотија градинките на 9ти септември до сега  18 деца се позитивни ,а уште 309 се во изолација. Со вирусот се заразиле и 55 вработени во градинките.

Македонија веќе 8 месец живее во пандемија , заболеа повеќе од 23 000 граѓани,  инфективните одделенија во  Струмица, Куманово, Штип  се полни. Нема место ни во Прилеп , а се ослободило уште едно болничко крило во Битола за луѓето од Пелагонсикиот регион . Модуларната болница во дворот на инфективна , се уште не почнала да прима пациенти.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе