Наместо во градинка, во парк . Откако корона вирусот влезе и во градниките, и стави во изолациоја повеќе од 190 деца и воспитувачки , дел од родителите ги испишаа своите деца, Дури и оние кои веќе беа распоредени во групи , а ниту еднаш не се појавиле во градинка , решија да отстапат од своето место, за некое друго дете. Граѓаните мислат дека единствен спас за да не се шири вирусот е почитување на мерките , но велат и дека стравуваат да ги пуштат во градинката.
Инаку од кога птвпроија градинките на 9ти септември до сега , вкупно 15 деца и 44 вработени во градинките во Македонија се заразиле со ковид – 19.
А, по протоколи има 21 000 места по градинките , а досега само половина од капацитети се исполнети. Во меѓувреме повеќе од 100 насатвници и ученици од основно и средно се позитивни на вирусот. Во моментов 80 проценти во ншколите држат онлајн настава , и онаму каде што почнаа со физичка , а беа приморана поради короната да испратат ученици и просетни работници во изолација . Од МОН велат дека постои ризик, но главната одлука е на комисијата за заразни.
Како што дознава Телма од извори од Комисијата , засега не е размислувано за затворање на училиштатат и градинките , а не се знае дали оваа тема ќе дојде на ред за дискусија на утрешната седница.
Од друга страна пак, Владата вчера донесе одлука уште на 13 уличишта да им даде дозвола да почнат со класична настава. А , Средношколците во Струга по двонеделен бојкот пак ги вклучија своите компијутери и почнаа со онлјан настава.
Теодора Цветковска