Вести Македонија Топ вести

Тешко до тестирање на Ковид 19 на државна сметка, се дава терапија и без позитивен резултат

Скопјанец кој бил во контакт со заболен од Корона вирус и кој ги исполнувал условите по алгоритам за да се тестира добил термин за земање брис во Велес и тоа после две недели од контактот.  Во друг случај пак на човек со типични симтоми на вирусот матичниот лекар му рекол дека има термин за тестирање дури следната недела. И од здружението на матични лекари потврдуваат дека прво даваат терапија и лекуваат па после пациентите се тестираат на државно или одат прватно.

Во меѓувреме речиси сите болнички капацитети се исполнети, па се отвораат и нови за лекување на заразените, а дневните бројки се приближуваат близу 500 нови случаи. Од друга страна извори на телма велат дека системот е преоптоварен па голем дел од заразените сами креираат листи за блиските контакти кои треба да одат во самоизолација, без тие да добијат решенија или ги добиваат после неколку денови. Од здравствениот инспекторат велат дека системот функционира добро и и во целост се постапува по протоклите.

Во периодот од 12 – 14 Октомври за Скопје се издадени 248 решенија за позитивни случаи и 567 за нивни контакти. За останатите градови се издадени 257 решенија за позитивни случаи а 672 решенија за контакти за самоизолација.

И додека состојбата станува се позагрижувачка, премиерот Зоран Заев вели дека нема простор за паника.

Вчера бројката на новозаразени беше рекордна 445 и 9 починати. И покрај ова нови мерки за спречување на ширењето на вирусот нема. Вечра доцна вечерта владата имаше седница но корона темата не беше на дневен ред.

Она што пред една недела го предложи како мерки комисијата за заразни болести пак не може да се реализира поради политички и правни причини. Тоа  беа задолжително носење на маска на отворено и на затворено освен при спортување или возење во возило со семејството.

Она што предизвика особено големо внимание беше мерката со која би се забранило собирање во домашни услови, со повеке од 4 ца гости дома, а се забрануваше и групирање на луѓе на отворено после 22 часот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе