Македонија Топ вести

Обдукцијата на починатата родилка готова, се прават други анализи

Обдукцијата во Институтот за судска медицина заврши, но сега се вршат подетални токсиколошки и биохемиски анализи и се чека резултатот за Ковид-19, по што најавија дека ќе излезат со подетални информации за причината за смртта на 24 годишната трудница од Студеничани..Во тек е и вонредниот инспекциски надзор кој го вршат од Здравствениот и санитарен инспекторат, а кој ќе го опфати и матичниот гинеколог и Гинеколошката болница Чаир, каде била донесена трудницата критичната вечер.

Мора да се почне од матичниот доктор, да се види дали тој правилно и редовно вршел прегледи при водењето на нејзината бременост, дали имало фактор на ризик, како и да се утврди дали докторите во Чаир, критичната вечер постапиле по сите неопходни протоколи.Потенцирам дека, прегледите кај трудниците последните месеци не беа скратени поради ситуацијата со Ковид-19, тие се одвиваа нормално и ваквите и слични случаи не може да се препишат на неможноста да се извршат редовни прегледи, вели Ирина Сотирова Бухова, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Директорот на Поликлиниката Чаир, Башким Исмаили, за Телма тврди дека пациентката е донесена кај нив без свест, без пулс и со проширени зеници. И покрај очигледните знаци за смрт, докторите се обидувале да ја реанимираат час и половина, но безуспешно. Подоцна е утврдено дека и плодот во неа бил мртов, а имала и белодробен едем. Бидејќи е лице кое кај нив е донесено од страна, вечерта е повикана и полиција во болницата. Неофицијално, иако имала само 24 години, имала и ризик фактори како дебелина и висок притисок.

Инспекцискиот надзор за бремената 40 годишна жена од Шуто Оризари што почина во септември на Гинеколошко акушерската клиника, пак,  покажал  дека, за целата бременост, таа била на преглед кај матичниот гинеколог само еднаш и тоа во јули, кога веќе била во 30 недела од бременоста. Согласно Законот за здравствена заштита, од Инспекторатот е инициран стручен надзор. Вечерта пред да почине, се јавила на преглед во Клиниката, била прегледана и е побарано да дојде повторно по два часа. При вториот преглед, дошла со обилно крварење и без срцева реакција кај плодот, по што е примена како итен случај. Сместена била во посебна соба и е земен брис за Ковид-19, по што е извршен царски рез. Починала утредента, откако и се влошила состојбата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе