Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на Ковид-19. Тоа претставува зголемување на процентот на заболени од вкупно тестираните, кој според денешните бројки изнесува дури 22,7% . По градови нови случаи има во Скопје – 96, Куманово – 5, Штип – 7, Прилеп – 1, Тетово – 19, Велес – 2, Битола – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Гевгелија – 1, Струмица – 8, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 10, Берово – 6, Виница – 5, Делчево – 4, Неготино – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје – 44, Куманово – 2, Штип – 3, Прилеп – 7, Тетово – 6, Струга – 2, Битола – 2, Охрид – 1, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Радовиш – 1, Крушево -1, Кочани – 8, Пробиштип – 1, Берово – 4, Валандово – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 1, Ресен – 2, Неготино – 1.
Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 8.571, активни 1.792
- Куманово 1.885, активни 176
- Дебар 294, активни 36
- Штип 1.368, активни 123
- Прилеп 814, активни 170
- Тетово 1.604, активни 222
- Струга 720, активни 61
- Велес 381, активни 59
- Битола 389, активни 104
- Охрид 463, активни 47
- Кавадарци 279, активни 59
- Гостивар 984, активни 80
- Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 437, активни 267
- Крива Паланка 154, активни 49
- Радовиш 141, активни 58
- Крушево 20, активни 0
- Кочани 504, активни 218
- Пробиштип 129, активни 21
- Демир Хисар 62, активни 2
- Македонски Брод 96, активни 3
- Пехчево 48, активни 5
- Берово 153, активни 56
- Валандово 65, активни 43
- Виница 136, активни 46
- Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 27, активни 3
- Свети Николе 401, активни 59
- Кичево 357, активни 34
- Ресен 170, активни 9
- Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 778 теста се преку: ИЈЗ – 286, ЦЈЗ Скопје – 48, Авицена – 100, Биотек – 0, МАНУ – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 105 , Систина со PCR метода – 133, лабораторија Лаор – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК – 12, Синлаб – 92, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 92
- Гази Баба – 171
- Аеродром – 327
- Карпош – 319
- Центар – 330
- Кисела Вода – 210
- Ѓорче Петров – 155
- Бутел – 68
- Шуто Оризари – 15
- Студеничани – 3
- Сарај – 15
- Арачиново – 4
- Илинден – 30
- Сопиште – 10
- Чучер Сандево – 4
- Петровец – 7
- Зелениково – 3
- Странец – 14
- Нераспределен-15