Ковид19 Македонија Топ вести

Коронавирусот повторно се шири во штипските конфекции

Коронавирусот повторно влезе во штипските конфекции, се формира кластер во голема штипска фабрика во ТИР зоната. Освен работници има заразени и членови на нивните семејства. Кризниот штаб бара од Комисијата за разарни болести конкретен протокол за вршење на внатрешен превоз на патници, бидејќи актуелниов не го опфаќа локалниот и превозот на работници.

Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македонија, а посебно видовите на превоз кои се одвиваат на локално ниво и не се опфатени со Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, а нашите општински инспектори ќе ги засилат контролите, се вели во Заклучокот на ОПШТИНСКИ КРИЗЕН ШТАБ НА ШТИП

Вчера Штип повторно забележа 22 нови позитивни случаи, епидемиолозите, но и Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ бараат во фабриките да се стават во функција Ковид координаторите, бидејќи вирусот се пренесува и на паузите при групирањето на работниците во конфекциите. Во источниот регион најголем број на позитивни случаи има во Кочани, а на штипското Инфективно одделение се зголемува и бројот на хоситализирани пациенти, денеска таму се лекуваат 48, од кои 14 се на повремена кислородна поддршка, а 70 годишен пациент од кочанското село Спанчево почина во болнички услови.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе