Ковид19 Македонија Топ вести

Инфективна е подготвена за наплив на пациенти

На Инфективна се целосно подготвени за напливот на пациенти кој ќе го донесе новиот бран на Ковид по драстично зголемените бројки на заразени периодов. Дополнителните монтажни капацитети уште од летоска се на готовс иако таму се уште не се донесени пациенти.

Информациите се дека капацитетот на Инфективната клиника се уште не е исполнет до последниот кревет, но бројките навестуваат дека наскоро ќе почне да се користи и монтажната болница.

На чекор до зградата на Инфективна стои импровизираната болница која и доцна навечер ако е потребно ќе биде отворена и за каде што веќе има кадар кој е на стендбај веднаш да биде повикан.

При првото исполнување – ако биде тоа во дванаесет саат ноќеска, тогаш и ќе биде примен следниот пациент во монтажната болница. Очекувањата се да има уште повеќе пациенти сега и затоа сме подготвени за тоа што се очекува од нас – да дадеме нега и третман на секој болен. До каде ќе оди ситуацијата сега веќе никој не може да предвиди, вели Милена Стевановиќ.

Есенскиот бран донесе и дополнителен товар на здравствените работници кои неуморно работат периодов, но директорката на Инфективна уште еднаш упати апел – оваа борба не е само на медицинските лица.

Колку и да е тоа тешко, колку и да е паднат товарот на здравствениот работник, мора да сфатите дека товарот не смее да биде само на здравствениот работник туку на секој индивидуалец. Пристапот, превенцијата и одговорноста мора да бидат многу повисоки, децидна е Стевановиќ

Во моментов на Инфективна има околу 95 хоспитализирани пациенти. Останати се уште десетина слободни кревети.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе