Македонија Топ вести

12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти

12 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи во угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево ќе поднесе Државниот пазарен инспекторат  за изминатото деноноќие на ниво на цела држава. Скопје и Кичево  се на врвот на листата со најмногу кривични пријави.Најголем број неправилности  се однесуваат за непочитување на здравствените протоколи.

Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи, соопшти државниот пазарен инспекторат.

Сопственик на угостителски објект во Скопје ќе биде казнет затоа што се пушеле цигари во објектот.

Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе и две прекршочни постапки за затекнати нерегистрирани објекти во Скопје и Тетово.

За еден објект во Битола ќе следи физичко запечатување со пломба поради непостапување по издадено решение за привремена забрана за вршење дејност.

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата изврши вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот  за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи.

Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден  поради почетокот на викендот без ДДВ и заштита на потрошувачите, изврши  вкупно  28 надзори и 123 контроли во трговски објекти во повеќе градови согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите и Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе