Свет Топ вести

Конли: Трамп веќе овој викенд може да се врати на јавните настапи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја заврши терапијата на лекување од Ковид-19 и веќе  овој викенд може да се врати на своите јавни должности, изјави денеска неговиот лекар, Шон Конли.

Докторот кажа дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок на болеста, пренесе Би-Би-Си.

Според него, утре ќе биде 10-от ден откако му беше  утврдена дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.

Трамп денеска повторно треба да биде тестиран на Ковид-19, а, како што рече, се надева дека викендов веќе ќе може да одржи нов предизборен митинг, најверојатно на Флорида.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе