Свет Топ вести

Уапсени 13 лица поради обид за киднапирање на гувернерката на Мичиген

Тринаесет лица, вклучително и седум мажи поврзани со милитантната група „Волверин вочмен“, се уапсени во САД поради заговор за уривање на Владата во американската сојузна држава Мичиген и киднапирање на гувернерката Гретчен Витмер пред одржувањето на претседателските избори на 3 ноември, соопшти обвинителството.

ФБИ претходно објави дека се уапсени шест лица.

Според медиумите, шест лица се уапсени под федерални обвиненија, а останатите седум под обвиненија на сојузната држава Мичиген.

Демократката Витмер е често критикувана од претседателот Доналд Трамп, особено поради настојувањето во својата држава да воведе строги мерки за социјална дистанца поради коронавирусот.

Наводниот заговор подразбирал ангажирање на милитантна група, се наведува во дадениот писмен исказ под заклетва на специјалниот агент Ричард Траск. Во писмената изјава Траск рече дека групата планира да го искористи времето пред последната вежба за набавка на пари за експлозив и други материјали.

Според јавниот обвинител на Мичиген, Дан Несел, „напорите резултирале со откривање на планови за загрозување на животите на полицајци, владини службеници и пошироката јавност“.

На шестмината претходно уапсени, доколку бидат осудени за обид за киднапирање, им се заканува доживотен затвор.

Еден од осомничените Адам Фокс минатиот месец во шифриран разговор изјавил дека „не сака последниот тренинг да се одржи во последната недела од октомври, бидејќи нема да имаат доволно време да го извршат киднапирањето пред изборите на 3 ноември“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе