Упад во домовите и пребројување и казнување на пристуните од една страна – крешење на уставот од друга страна. Прaвните експерти бараат воздржаност од владата во носењето на нова мерка со која за забранува повеќе од 4-ца присутни во сеемен дом со различна адреса на живеење. Од здружението на млади правници тврдат дека проверките во домовите е возможно на хартија, но не и во пракса.
Во еден од примерите кога владата се соочува со загрозување на права заштитени со Уставот во отсуство на вонредна состојба, реагира универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ.
Пред предизвикот дали владата ќе одлучи со полиција да растерува семејни собири и пријателски седенки во домовите на граѓаните, стаса и ставот на владиниот министер кој ќе треба да ја спроведува мерката на терен, со став дека домовите не треба да бидат загрозени.
Правниците укажуваат на две опции. Без налог од судија на претохдна постапака доколку полицијата се сомнева дека се врши кривично дело според член 206, или пак, со налог од судија на претходна постапка, иако пред предлогот да стаса до влада никој не ги консултирал судските власти.
Немаме разговарано на тема судски налози за да се влегува во домови. Ќе разговарам со судиите на претходна постапка, и ќе ја известиме владата, рече Џолев.
Правните препирки доаѓаат откако комсијата за заразни болести и предложи на владата да донесе мерки за носење на маски и на отворено, и против групирање на повеќе од четири лица, семејни прослави во домовите, како и примање на најмногу до четири лица во кои не се членови на семејството во едно живеалиште за што владата ќе дискутира на наредната седница.
Павле Беловски