Вести Свет Топ вести

Чешка урива рекорди на заболени од корона вирус, над 5.000 нови на ден

Чешка објави рекордни 5.335 нови случаи со коронавирус за еден ден. Зголемувањето на случаите во Чешка забележано на 7 октомври го надмина претходниот рекорд од 4.457 пријавени од претходниот ден. Земјата со 10,7 милиони жители има најбрз скок по жител во последните две недели во Европа, и полека се изедначува со Шпанија.

Зголемување на бројот на заразени бележи и Германија која за еден дена забележала повеќе од 4,058 случаи, во споредба со 2.828 претходниот ден. Владата веќе предупреди дека земјата може да ја изгуби контролата врз пандемијата.

Бројот на жртвите во Чешка се искачи на 829, додека на Германија достигна 9.

И Бугарија објави дневен рекорд на 437 случаи со коронавирус. Бугарија досега има потврдено 22,743 случаи со ковид-19, вклучувајќи 873 смртни случаи. Главниот здравствен инспектор во земјата изјави дека може да се воведат нови ограничувања, како затворање ресторани, доколку бројот на случаи продолжи да расте, но исклучи целосна блокада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе