Сериозен ветинг по стандардите на НАТО ќе ги чешла редвите на армијата, за да може земјава целосно да се вклопи во структурите на Алијансата. Ветингот особено на офицерскиот кадар низ кој поминаа сите земји по зачленувањето во Алијансата ја очекува и Македонија, а од седиштето на НАТО го најави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, дали армијата ја очекува смена на високо-рангирани офицери со трансформацијата на армијата согласно НАТО стандардите.
„Поминавме одредени фази на сертификација која беше неопходна, за одредени категории на луѓе кои што работеа со документите, но сега следува сериозне процес на сериозна сертификацијашто е важно за безбедноста на нашата земја и за целиот регион и нашите партнери и геренарлно на НАТО. Верувам дека тие процедури ќе ги поминеме подготвемно сите“, изјави Заев.
Инаку во меѓувреме Македонија се уште чека на НАТО да и го одобри воениот претставник чие име на Алијансата и беше испратено пред десетина месеци.
„НАТО има некои стандарди и упатства и секогаш кога имаме нова членка имаме процедури кои треда да се поминат, има процедури што мора да се завршат. Се држиме до временската рамка и се трудиме да ги завршиме сите прашања и она што сега е најважно е дека земјата е членка на Алијансата“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО не одговори директно зошто НАТО како кратенка за земјава го користи НМК иако со Договорот од Преспа е утврдено тоа да бдие МКД или МК, но рече дека некои практични праашња секогаш може да има и ќе бидат решени.
Инаку Столтенберг денеска објави дека НАТО ќе и помогне на земјава во борбата со панедмијата со Ковид-19 со 60 респиратори и друга опрема во висина од 1,4 милиони евра, како континуитете на досегашната помош, а најави и помош за земјите-членки и во борбата со дезинформациите и сјабер заканите.
„НАТО нема да дозволи здравствената криза да се претвори во безбедносна криза“, посочи Столтенберг.
Столтенберг кој рече дека членството на земјава во НАТО е заебележително постигање, по годините посветеност на реформите, подвлече дека членството е добро и поради безбедноста што НАТО го обезбедува за змејите членки.
Тамара Грнчароска