Ковид19 Свет Топ вести

Фаучи повторно го демантира Трамп, овој пат за изјавата дека коронавирусот е ист со грипот

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот.

Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата што коронавирусот ја предизвикува врз организмот е значително поразлична од онаа предизвикана од грип, пренесува телевиизјата Ен-Би-Си Њуз.

Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека секоја година многу луѓе умираат од него и дека понекогаш станува збор и за повеќе од 100.000 лица, и покрај тоа што има вакцина.

Дали ќе ја затвориме државата? Не, научивме како да живееме со грип, исто како што научивме да живееме со коронавирусот, кој за поголемиот дел од популацијата е помалку смртоносен, напиша Трамп.

Фаучи во друго интервју процени дека можеше да се спречи минатонеделното проширување на инфекцијата со коронавирус во Белата куќа.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на коронавирусот, повеќе негови блиски соработници ги добија истите симптоми и резултати.

Погледнете што се случи неделава во Белата куќа, рече Фаучи во интервјуто одговарајќи на прашањето што би ги советувал луѓето што разговараат за превентивни активности со роднини кои сметаат дека пандемијата е измама.

“Тоа е реалност. И секој ден се повеќе и повеќе луѓе се заразуваат. Тоа не е измама. Несреќна е ситуацијата кога ќе видите такво нешто, а можело да се спречи”, рече Фаучи.

Од почетокот на пандемијата Фаучи повеќепати се судри со Трамп, затоа што претседателот ги релативизираше ризиците од коронавирусот.

Досега во САД умреа над 210.000 лица, а повеќе од седум милиони се заразени со Ковид-19

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе