Градежната акција за рекострукција на повеќе од 20 сообраќајници низ Скопје, која започна лани, а продолжи од септември наваму, предизвикува хаос за движење на возилата и граѓаните низ Скопје. Некои од нив го толерираат метежот, а други не. Од Град Скопје, кое стои зад обновата на улиците смируваат дека до зимата граѓаните ќе добијат нова и побезбедна сообраќајна инфраструктура.
Градежна механизација, застои во сообраќајот, нервозни возачи и граѓани. Ваква е сликата во главниот град од лани наваму , поради обновата на повеќе од 20 сообраќајници што ја врши Град Скопје. Во текот на предпладнето, нашата камера фати тесни грла за движење во сообраќајот , во Автокоманда, поради обновата на коловозите и тротоарите, на булеварот „Александар Македонски“ од раскрсницата кај Хиподром до онаа кај Споското сајмиште, но и на улицата „ 11 Октомври“, во центарот на Скопје, од Собранието до раскрсницата на булеварот „ Крсте Мисирков“. Повремени застори има и на потегот меѓу хотелот Александар Палас кон Карпош, а од вчера и на улицата „ Васил Ѓоргов“ во Капиштец, која исто така се обновува, од раскрсницата кај „ Рузвелтова“ до „ Водњанска“.
Градежната акција за реконструкција на повеќе сообраќајници низ Скопје , која започна од минатиот и продолжува овој месец, прави повеќе тесни грла за движење низ Скопје. Некои од учесниците во сообраќајот и граѓаните го толерираат метежот, а други пак, не!
Таксистите сметаат дека реконструкцијата на улиците требало да се врши во летниот период, а возачите на градските автобуси признаваат дека поправките на коловозите им го успорува движењето.
Градоникот Шилегов признава дека со обновата на сообраќајниците се доцни годинава поради законските ограничувања поврзани со одржаните парламентарни избори и објаснува дека невозможно е да се реконструираат улиците, на кои се работи и ноќи, без пореметување на вообичаеното движење на граѓаните. Шилегов очекува обновата на улиците да заврши до зимата, а Скопје да добие нова и побезбедна сообраќајна инфраструктура.
Сотир Трајков