Вести Македонија Топ вести

За итни Ковид набавки се плаќале различни цени за ист производ – за пола година потрошени 6,7 милиони евра

Поради одолжената корона криза, не треба веќе да се применуваат итните набавки за опрема и стоки потребни за пандемијата туку маски, реагенси и се друго да се набавува согласно редовните постапки за јавни набавки. Ова е предлог на Центарот за граѓански комуникации кој пресмета дека за половина година во итни набавки со Ковид 19 предзнак се потрошени 6,7 милиони евра.

Најголем проблем е што исти работи се набавуваат по различни цени поради непрецизните дефиниции за потребите. Така например за маските ХН95 најниска добиена цена е 66 денари, додека најскапата понуда која е избрана во 4 очи е петпати повеќе односно 313 денари за парче. Најскапо платена е маска од типот „FFP2“ –  купена е за 448 денари по парче.  Скафандери за еднократна употреба се купувале за цени од 177 до 1.156 денари, а најскап купен е медицински заштитен скафандер за 1.788 денари и тоа во комунално претпријатие. И ракавиците имале различна цена најефтината била за 5пати пониска од најскапата ракавица. Владата пак преку генералниот секретаријат набавила услуги за дезинфекција на автомобили по 2 илјади денари без ДДВ од возило, додека за објекти дезинфицирањето владата го плаќа 12 денари за квадрат.

Најголем потрошувач во итни ковид постапки е МВР кое има набавки во вредност од 2,2 милиони евра. Ресорното министерство за здравство е второ и во 22 итни набавки пазарило за 733 илјади евра. Најмногу тендери, 48 спровела Трауматологија која потрошила речиси 700 илјади евра.

Најмногу евра се слеале во произведувачот на заштитни маски Гифти од Прилеп, кои добиле два тендери во МВР и одбрана за вкупно милион и 138 илјади евра. Втора фирма со многу продадено само во три тендери е Биотек, па следуваат Соникс и Алкалоид.

Нјамногу се трошело на почетокот на кризата, во март и април, а најмногу набавки имало во април, додека вториот бран донесе и втор бран на итни набавки во јули. ЦГК прашува и до каде е владината ургентна набавка од април, што е купено, за колку пари и каде е доставено. За таа интервентна набавка нема јавни податоци. Препораката е да запрат итните набавки бидејќи пандемијата продолжува и преку редовни набавки да се купуваат унифицирани производи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе