Економија Топ вести

Мицкоски во Топ Тема – 4 наместо еден викенд без ДДВ и 5% покачување на пензиите

Во однос на четвртиот пакет економско-социјални мерки кои ги предложи владата на Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека тие не се доволни и дека најголем проблем е фактот дека и претходните мерки кои ги предложи владата не се исполнувале како што било предвидено.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение викенд без ДДВ од 10-ти до 12-ти октомври, подвлекувајќи дека на граѓаните им било ветено дека ќе има 4 такви викенди во септември.

Ние бараме, тоа што беше ветено да се исполни,рече Мицкоски, односно 4 наместо еден викенд без ДДВ.

Тој потенцираше дека најголемата опозициона партија ќе побара законски измени со кои ќе бара 5% покачување на пензиите на сите граѓани,  што веќе беше ветено од страна на владата и ќе предложи поголема помош за стечајните работници и невработените.

Исто така, според Мицкоски, најголем дел од културните работници се прогласени за социјално ранлива категорија , што е катастрофална одлука. Со 6 000 денари еднократна  помош ги навредувате тие луѓе, вели Мицкоски.

Фантастична мерка предложивме, рече Мицкоски , наместо картички , владата да ја покрие партиципатијата на студентите, топол оброк во училиштата, ако сакаат да го растоварат товарот предизвикан од пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе