Македонија Топ вести

Родителите од источна Македонија бараат враќање на децата во училиштата

Родителите од источниот регион бараат враќање во старото нормално време со почитување на сите здравствени протоколи во училиштата.

Во Штип, како најголем центар во Брегалничкиот регион, на анкетите над 80 % од родителите се изјасниле нивните деца да се вратат во училиштата, остантите се за онлјан или комбинирана.

Во помалите општини  процентот за настава во училилниците е и над 90.

Свети Николе, Берово и Карбинци сметаат дека можат да ги испочитуваат здравствените протоколи, поради помалиот број на ученици во паралелките и просторните можности побараа и дозволи за враќање на учениците.

Но на ова треба да пресече  Владина комисија што пред стартот на учебната годината треба да изврши увид во сите училишта.

Онаму каде што наставниците ќе  држат настава пред компјутер во училниците, училиштата и општините го подобруваат квалитетот на интернет врските.

Во штипскиот регион поради поголемиот број на ученици доминира онлјан наставата, а во руралните средини и за учениците со посебни потреби ќе се овозможи физичко присуство.

Во градинките на истокот нема појава на сомнителни случаи, како  меѓу воспитувачите и техничкиот пероснал, така и меѓу децата, единствено во Свети Николе, каде што на 9 септември не започна згрижувањето на 110 деца, а  вчера беше потврдено и дека суспектната вработена е и позитивна на вирусот. Локалната власт чека од епидемиолозите насоки, кога да се отворат вратите за децата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе