Македонија Топ вести

Изборот на собраниски комисии закажан за понеделник

Собранискиот календар почнува да се полни. В понеделник на пленарна седница треба да заврши процесот на формирање работни тела, со што, ќе се отвори можност за разгледување и донесување закони.

Предлог-составот што го утврдија партиите по двонеделни координации, вчера беше потврден во Комисијата за избори и именувања.

Таа го предлага составот на 20 комисии од вкупно 21, исто колку што имаше во минатиот парламентарен состав.

Прва комисија што ќе добие работа е Комисијата за образование, што ќе ја раководи пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Во Собранието веќе се пристигнати и итно треба да се донесат измените на законите за основно и за средно образование, со кои за еден месец се одложува почетокот на школската година.

Законите прво треба да добијат поддршка од матичната комисија.

Со Комисијата за уставни прашања по функција раководи Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Со повеќе други комисии ќе раководат искусни кадри, со пратеничко искуство зад себе: со Законодавно-правната комисија ќе  раководи Снежана Калеска Ванчева, со Политички систем Соња Мираковска, со Деловничко-мандатни прашања – Панчо Минов,  со надворешна политика – Антонијо Милошоски, со земјоделство Љупчо Димовски, со Локална самоуправа Ане Лашкоска, со Еднакви можности Благица Ласовска. И во другите комисии ќе бидат поставени искусни политичари и истанати партиски кадри: Миле Талески за Одбрана, Арбр Адеми за Европски прашања, Игор Јанушев за надзор на следењето, Љупчо Пренџов за разузавањето, Тимчо Муцунски за финансирање, Дамјан Манчевски за економија, Владо Мисајловски за транспорт, Кастриот Реџепи за култура, Арбен Зибери за здравство, Хусни Исмаили за труд и Халил Снопче за Анкетната комисија.

Прв голем тест во функционирањето на Собранието ќе биде потврдувањето на петте одлуки на шефот на државата за прогласување вонредна состојба.

Спикерот Џафери на вчерашниот брифинг најави дека наредната недела ќе почне консултации со опозицијата заради исполнување на оваа уставна обврска на Парламентот, за која треба да гласаат најмалку две третини од пратениците.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе