14 годишно момче од виничкото село Истибање се удави во водите на река Брегалница. Портпаролот на СВР Штип, Горадана Панајотова за Телма потврдува дека несреќата се случила по 16 часот.
Момчето заедно со другари биле на риболов, но во критичниот момент влегло да се искапи, по што изчезнало во водата.
Потрагата по момчето е во тек, а се вклучени жители, пожарникари и полицијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.