Партијата не ги организираше протестите на “За заедничка Македонија” , сведочеа денеска поранешните пратеници на ВМРО ДПМНЕ.
Прв во корист на екс-претседателот на собранието Трајко Вељановски зборуваше Илија Димовски.
Како неформален координатор имал впечаток дека и 27-ми ќе биде ден како и претходните во собранието.
Кога започнала тензијата во салата тој со останатите поискусни сопартијци ги смирувал страстите.
По завршувањето на денот мислам дека контактирав со вељановски, но не ми кажал дека имал сознанија за ситуацијата. Не сме знаеле дека нешто се подготвувало, и ние бевме шокирани, се чувствувавме како глинени гулаби. Со Спиро ристовски и Миле Јанакиески немав никаква комуникација тој ден, изјави Илија Димовски.
Според обвинението Вељановски, Рисотвски и јанакиевски учествувале во организацијата на настаните на 27 ми 2017 та преку организирање на општинските комитети кои учествувале во протестите на иницијативата за заедничка македонија.
Екс пратеникот Зоран Илиоски рече дека партијата само ги поддржувала исто како СДСМ што ја поддржувала Шарената револуција, но не ги организирала.
Немаше одлука на Извршниот комитет за настаните поврзани со За заедничка Македонија. Само разговаравме и ги поддржувавем протестите, но не се вклучивме во организација. Тоа е нешто слично како во времето на Шарената револуција кога политичка партија ја поддржа, рече Зоран Илиоски.
После ваквите сведочења одбраната смета дека обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок не е оправдано.
За организација на 27 ми април освен Вељановски, Јанакиески и Ристовски е обвинет и ек шефот на УБК Владимир Танасовски.
На обвинителна клупа не седнаа Никола Груевски и Никола Бошковски оти се во бегство.
Претходно за истиот настан судот осуди со затворски казни 16 – на, го ослободи Игор Дурловски, а собранието со закон ги амнестираше обвинетите пратеници кои гласаа за измена на името и водачите на протестите.
Билјана Николовска