Македонија

Нефи Усеини останува во притвор, одлучи охридскиот суд

Охридскиот суд одлучи да останат во притвор уште 30 дена,  советникот Нефи Усеини и неговиот брат. Од судот велат дека го прифатиле предлогот на обвинителствто кое побара продолжување на притворот поради опаснист на бегство, откако поднесе обвинение против двајцата осомничени за насилство.  Одбраната има право на жалба.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

“На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал  тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите  во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.  По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот” – соопшти ОЈО Охрид.

На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе