Вести Македонија Топ вести

Омбудсман: Да се создадат услови за он лајн настава за сите ученици

Наставници кои немаат компјутери ,опрема и информатички познавања за да предаваат он –лајн, анксиозни ученици кои од март месец остана дома поради пандемијата, родители во улога на наставници , деца со попреченост без образоваби асистенти , ова е заклучокот од истражувањето на тимот на Народниот правобранител. А, само 8 отсто од испитаните основни  и нешто помалку ,  7 отсто од испитаните средни училишта одговориле дека онлајн наставата има предности. Останатите се изјасниле дека децата треба да се вратат назад во училиштата. Сличен е ставот и на ученците и нивните родители.  Тие се пожалиле дека наставниците  лекциите и домашните само ги праќале преку Вибер, Фејсбук и на мејл без да им ја објаснат материјата.

Негативни мислења се во контекст на тоа дека онлајн наставата била преголемо оптеретување за родителите и дека го нема истиот ефект како класичната настава , учениците биле преоптеретени од премногу зададени задачи и дека како проблем се јавило усогласување на распоредот на часови со работното времена родителите.

Според анализата на Народниот правобранител, ова е последица на неподготвеноста на  Бирото за развој на образованието кое постои за вакви случаи, но и поради нерасполагање на компијутери и информатички познавања. Само 11% од наставниците од основните училишта имале услови за спроведување онлајн настава, а високи 58 проценти одговориле дека или имаат комијутер,а не се обучни да предаваат он –лајн или ако имаат обука немаат  комјутерска опрема .

Значајно помал е процентот на училиштата кои одговориле дека наставниот кадар во рамките на конкретното училиште е целосно подготвен од технолошки аспект, како и од аспект на поседување дигитални вештини и компетенции за реализација на квалитетна е-настава .

Тимот на Народниот Правобранител од јуни до август месец анкетирал 72 училишта од цела Македонија, а резултатите и извештајот се дадени во МОН со препораки како да се обезбеди правото на секој ученик да учи и да се образува.  Испратено е и барање за дигитализација на наставата која ќе биде достапна за сите ученици, безрализка дали доааѓа од град , рурална средина, дали се деца со попреченост или пак се од социјално загрозено семејство.

 

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Дејан Дејан

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава?

Дејан Дејан

Во Агенцијата за вработување чекаат работа над 600 магистри и дваесет доктори на науки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе