Вести Македонија Топ вести

Џафери за утре закажа седница за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија утре ќе одржи седница на која на дневен ред е Предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседатели. Во Собранието е пристигната и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предлогот за министер за финансии Фатмир Бесими од ДУИ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Потпретседатели на Собранието се очекува да имаат СДСМ, опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Засега се уште официјално не се соопштуваат информации која парламентарна партија ќе добие потпретседателско место во Собранието.

Во Собранието е пристигната и оставката од пратеничкото место на Фљорин Бесими, брат на идниот министер за финансии од ДУИ, Фатмир Бесими.

Според информации од Собранието, можно е утре пред почетокот на седницата закажана за 11 часот, да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Зоран Заев ќе ги предложи за составот на новата Влада.

Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за влада откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Собранието.

Рокот до кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада е 2 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе