Останува одлуката дека странците кои транзитираат низ земјава нема да треба да имаат ПЦР тестови како доказ дека не се позитивни на корона вирус. Вака реши Комисијата за заразни болести откако вчера Финска објави дека на авионски лет од Македонија 24 ца патници биле позитивни на ковид 19, а министерството во земјава веднаш се правдаше дека на летот најголем број патници биле транзитни.
Сега комисијата продолжува будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот тука, велат од Комисија за заразни болести.
Но, од вчера после летот со заразени патници Финска сепак реши дека од земјава таму ќе може да се патува само со негативен тест. Тамошните власти не ги интересираше што најголем дел од патниците патувале со косовски пасош и тоа 95 на, со фински биле 60, а останатите со албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Од дриуга страна пак за македонските граѓани да транзитираат или да престојуваат во Косово им е потребен тест, освен ако не покажат дека одат на аеродром. Министерот Агим Нухиу денеска побрза да побара од амбасадорот на Косово во земјава Ѓерѓ Дедај, да посредува властите во Приштинада ја разгледаат можноста државјаните на земјава при транзит низ Косово да не приложуваат ПЦР тест. По ова амбасадорот Дедај рекол дека ќе пренесе што бара земјава и ќе го известиНухиу ако има било каква нова одлука. Во меѓувреме и Србија размислува да воведе задолжителни ПЦР негативни тестови или дво неделен карантин за странците кои доаѓаат во нивната земја. Но листата на земјите за кои ќе важи ваквата одлука ќе биде дополнително составена неделава на седница на Кризниот штаб. Инаку од соседите само во Албанија македонците може да се престојуваат без никаков доказ за негативни на корона вирус. Во Бугарија се бара негативен ПЦР тест, додека Грција воопшто не дозволува влез за граѓаните од земјава која ја стави на листата на високо ризични.
Билјана Николовска