Ковид19 Македонија Топ вести

ИЗЈ: Кривата оди надолу – помалку заболени и починати, повеќе оздравени на почетокот на август

Крвиата почна да паѓа. Трета недела по ред здравствените власти бележат намалување на бројките на новозаболени и на починати и раст на бројките на оздравени пациенти. 816 нови случаи во текот на минатата недела е за речиси стотина помалку од недела претхоно. Бројката на тестирања е константа а се намалкува и процентот на позитивните тестови. На удар повторно се највозрасните мешу кои има најголем број на заболени. Експерти велат падот се должи на подигање на свеста кај граѓаните но додаваат дека вируисот е непредвидлив и дека не може да се прогнозира неговиот тек.

Помал број на новозаболени и починати а поголем број  на оздравени. Ова е заклучокот на ИЈЗ кој го анализираше текот на епидемијата на коронавируѕсот во Македонија во периодот 3 до 9 август. Минатата недела се регистрирани 816 новозаболени  што е за 10 отсто помалку од последната недела во јули и Илинденските празници кога имаше 912 случаи. Направени се речиси 9.500 тестирања а процентот на позитивни е 8,6 отсто за разлика од 9,4 отсто една недела претходно.

Според доктор Виктор Исјановски, кој е член на Комисијата за заразни болести, падот на бројките се  должи на зголемувањето на свеста кај граѓаните, почитувањето на мерките и ограничувањето на патувањата во странство.

Сепак во која насока ќе се движат бројките и статистиките не може да се предвиди, бидејќи доаѓа есента есента и сезонските болести. За Исјановски е клучно и да има што е можно помасовна вакцинација на населението против сезонскиот грип

Во моментов во државата Пехчево е единствениот град каде нема активни случаи. Минатата недела новозаболени се регистрирани во 26 градови а најголем број се во Скопје – 31,4 отсто, Штип – 11,3 отсто и во Гостивар – 10,4% отсто.

Гледано по старосната структура на новозаболените повторно најголем број се граѓани над 60 годишни – 25,9 отсто а заголемување им и кај старосната група од 30 до 39 години каде отпаѓаат 18,4 отсто од 816 заболени.

Минатата недела битката во коронавирусот ја загубија 25 лица за разлика од неделата претходно кога беа регистриани 29 смртни случаи.

Во периодот од 3 до 9 август 1.038 пациенти го добиле и вториот негативен тест што е речиси идентично со  последната недела од кули.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе