Ковид19 Македонија Топ вести

Обвинителството со парични казни за веселбите поврзани со епидемијата

Веселбите со десетици гости по дворови и локали продолжуваат.  Семејна веселба на Курбан Бајрам во двор во Скопје со над 60 гости може да ги чини органзиаторите по 2500 евра. Веридба со 15 гости се славела во скопски ресторан. Обвинителството поднесува платни налози и  предлага парични казни за обвинетите кои не ги почитувале прописите поврзани со епидемијата.

Сметката од прославата за Курбан Бајрам им стигна после две недели. Казнени налози од по 2500 евра бара обивнителството да платат  двајца органбизатори на семејна  прослава за празникот.

Во дворот од семјната кука во скопје се веселеле мегу 60 и 80 гости иако вакви масовни собири и настани се забранети како една од заонските мерките  за да не се шири корона вирусот.

За непостапување според здравствените прописи за време на епидемија ќе одговараат и еден макеоднски и еден косовски држвјнаин кои организирале прослава за вердиба.

Телоп ОЈО Скопје: Спротивно на Одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, тие организирале прослава по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале околу 15 гости.

Казните од по неколку илјади евра не ги исплашија сите. Веселбите и забавите по кафулиња и ресторани продолжиле и викендов. Со незадволни свадбаџии и сватови  се сооочиле пазарните инсепктори во струга. Поднеле кривични пријави за организаторите на двете свадби на кои присуствувале по околу 100 тина гости потврди за Телма директорот на Пазарниот инсепкторат Стојко Пауновски. Крвична пријава поднеле и за забава во преполо скопско кафуле. 2 локали не го почутвале работното време односно работеле и по 1 часот за што следува прекршочна пријава и затворање од 10 до 30 дена. Пауновски информира дека инспекции викеднов имало и во  60 тина хотели каде престојувале туристи со ваучери. Во 5 од нив констатирале пропусти

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе