Ковид19 Македонија Топ вести

Курбан Бајрам, и покрај вториот бран на коронавирусот, ги наполни џамиите со верници

„Честит Бајрам“. Овие зборови утрово го означија крајот на молитвата за Курбан Бајрам, за верниците од исламска вероисповед кои во 6 часот и 5 минути во џамиите низ земјава се помолија на празникот на жртвувањето, но и солидарност. Верниците муслимани уште од 5 часот почнаа почнаа да ја полнат Мустафа-пашината џамија во Скопје. Во дворот на џамијата се бараше место повеќе за да се постави молитвениот ќилим, па дел од верниците своето саџеде го ставија на блиската височинка од каде ја следеа бајрамската молитва.

Скопскиот муфтија кој пристигна 15 минути пред почетокот на молитвата беше и  неформалниот знак дека церемонијата за празникот може да почне.

Имамот ја започна утринската молитва за Курбан Бајра. Верниците во голем број дојдоа во џамиите утрово иако препораката на Исламската верска заедница беше утринската молитва да ја извршат дома. Она што верниците го испочитуваа заштитните мерки за коронавирусот.

Тие носеа маски, но она што пак беше неможно да се испочитува поради големиот број на верници и ограничениот простор во џамијата беше физичката дистанца. Еден до друг верниците освен што се помолија за милоста на Алах, се помолија и за надминување на, како што рече скопскиот муфтија, Кенан Исмаили, најголемото искушение на човештвото, Ковид-19.

„Продолжете да бидете во служба на надминување на оваа пандемија, за тоа што со ова ќе бидеме во служба на бога“, порача Исмаили.

По завршување на бајрамската молитва верниците уште на излез од џамијата ја покажа суштината на празникот на дело, но и повиците на имамите и поглаварството на ИВЗ Бајрамот да го прослават дома, без одење на гости.

Сепак некои ќе се одважат и сепак ќе ги посетат најблиските.

Само неколку часа откако се испразнија џамиите, низ скопски Чаир, Топаанско Поле, Бутел и Шуто Оризари жртвувањето за празникот Курбан Бајрам беше спроведено на дело. Иако со години се апелира животните да не се колат по дворови и во несанитетски услови и оваа година животинска крв се миеше од улиците.

Различно од минатата година, барем во моментот додека таму снимаше камерата на Телма, беше дивата депонија кај последна „19-ка“, од каде и овојпат се ширеше неподнослива реа на мрша, но без видливи животински остатоци. За да се избегне токму тоа, и да се спречи ширење на зарази од животинските остатоци, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје годинава низ скопските општини постави 17 контејнери за одлагање на остатоците од жртвуваните животни за Курбан Бајрам.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе