Ковид19 Македонија Топ вести

Се шири корона вирусот во функционерските редови на ДУИ

Претседателот на собранието Талат Џафери е хоспитализиран на инфективната клиника. Ова за телма го потврдуваат од неговата партија ДУИ од каде велат дека еден час после пладне бил примен на клиниката. И покрај тоа што нема позитивен ковид тест имал пневмонија поради што заврши таму. Сепак велат состојбата му е стабилна. Тој пред три денови објави дека се тестирал поради многуте контакти во кампањата но дека тестот излегол негативен. Тој најави дека е можно и пред конститутивната седница на собранието која треба да се одржи после празникот илинден да треба сите пратеници да се тестираат. Но сега освен неизвесноста од коалициите неизвесно е и кога Џафери ќе закрепне. Со ова тој е четврти функционер од ДУИ кој е со симптоми на корона вирус или пак позитивен. Претходно двајцата министри Крешник Бектеши и Арбер Адеми објавија дека се со позитивен резултат но дека идвајцата се во стабилна состојба. Министерот за образование Адеми во епидемиолошката анкета навел дека е можно да е заразен од неговиот татко, а како единствен контакт кој е во самоизолација е неговата сопруга. Со сите други што контактирал рекол дека биле со маска. Но неговиот колега пак министерот за економија Крешник Бектеши рекол дека бил во контакт со Адеми но дека исто така и двајцата биле со маски. Тој однесе во самоизолација 6 негови контакти меѓу кои е и неговиот шеф на кабинет. И тие се во стабилна состојба.

На инфективната клиника веќе неколку денови се лекува и поранешниот пратеник Џеват Адеми кој е позитивен на Ковид 19. Неодамна почина неговата сопруга која е жртва на вирусот, а позитивен бил и неговиот син. Според епидемиолозите токму во овој период се очекуваше зголем број на позитивни случаи на корона вирус меѓу партиски членови и функционери поради многуте контакти во кампањата но и прославите на победите. ДУИ беше партијата која вечерта бурно славеше со многу народ, музика и пукање.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе