Свет Топ вести

Трамп се закани дека ќе испрати стотици федерални агенти во повеќе американски градови

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати стотици федерални безбедносни агенти во повеќе американски градови, под изговор дека сака да ги запре безредијата и немирите.

Чикаго и уште два други американски градови, кои се раководени од Демократите, се цел на одлуката на републиканскиот претседател, по ескалацијата на насилството.

Редот и мирот се чини дека стануваат централна политичка платформа на обидот на Трамо да го обезбеди вториот мандат на претседателските избори во Ноември.

Тој негира и дека испраќањето на федерални агенти во овие градови е обид да го дефокусира вниманието од драматичното ширење на корона вирусот во САД.

Градовите, кои за жал се соочуваат со проблеми, сите ги водат демократите. Имате радикално левичарски демократи кои ги управуваат градовите како Чикако и многу други за кои имаме еве прес конференција и за жал тоа е точно. Во овој момент ние испраќаме екстра луѓе за да помогнат. Апсиме многу луѓе кои беа многу лоши. Што се однесува до коронавирусот, што го споменавте, мислам дека ние направивме многу чудесни работи, тврди Трамп.

По полициското убиство на Џорџ Флојд, во Минеаполис, низ цела америка започнаа масовни анти-расистички протести, под мотото – “Црните животи се важни”. Во целиот хаос, дојде до пораст и на насилството со огнено оружје во повеќе градови, како Њу Јорк, Филаделфија, Лос Анџелес, Чикако и Милвоки.

Сепак, активистите за човекови права, предупредуваат дека распоредувањето дополнителни безбедносни сили, само дополнително ќе го засили тензиите, покрај веќе ескплозивните расни и социјални проблеми.

Не ни се потребни федералните трупи да патролираат на улиците заедно со полицијата во Чикаго. Тоа нема да помогне. Всушност, тоа ќе создаде еден вид жив песок, за кој мислам дека ќе биде незамислив. Ќе откриеме дека Чикако не е Портланд, но Чикако ќе биде Портланд на стероид ако тоа се случи, вели пасторот на баптистичката црква, Др. Маршал Елајџа Хеч.

Токму драматичните слики од Портланд се силно предупредување за тоа што може да се случи и во другите американски градови. Наместо смирување на ситуацијата, во најголемиот град во државата Орегон, се зголемија инцидентите и судирите меѓу демонстрантите и федералните агенти, кои апселе и приведувале луѓе без идентификација.

Повеќе илјади луѓе минатата ноќ излегоа на улиците под мотото “Црните животи се важни”, а им се придружи и градоначалникот Тед Вилер, кој беше пречекан со свирежи и извици на негодување од демонстрантите.

Јас стојам до вас, без разлика на се. Ако тие користат солзавец против вас, тие користат солзавец и против мене, подвлекува градоначалникот на Портланд, Тед Вилер.

На крајот, токму тоа и се случи.

Градоначалникот беше дел од демонстрантите на кои федералните агенти им фрлија солзавец и шок гранати во обид да ги растераат и да го прекинат нивниот протест, на кој повторно беше побарано веднаш да го напуштат Портланд.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе