Свет Топ вести

Бугарскиот парламент ќе расправа за недоверба на владата на Борисов

Околу 300 демонстранти се собраа утрово пред парламентот во Софија, во знак на протест против владата на десничарскиот популист, премиерот Бојко Борисов, кој е обвинет за корупција. Тие бараат негова оставка, како и од главниот обвинител во земјата Иван Гешев.

Бугарското собрание денеска на вонредна седница ќе расправа за недоверба на владата предводена од премиерот Бојко Борисов. Ова е петти обид на бугарските социјалисти да ја соборат владата на Борисов.

Антивладини протести се одржуваат низ цела Бугарија во изминативе десетина дена. Демонстрациите започнаа откако главниот обвинител Иван Гешев нареди претрес во кабинетот на претседателот Радев, како и апсење на двајца негови соработници.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе