Ковид19 Македонија Топ вести

Пандемијата на Ковид-19 на Балканот – Македонија во врвот на црните статиските во регионот

Вториот бран на коронависурот зема се посилен замав во регионот а државите од ден во ден бележат се повисоки бројки на новозаболени и на починати. Болниците се полнат а вирусот забрзано се шири меѓу населението.

Телма ја анализираше состојбата во регионот според податоците од сајтот „worldmeters“ каде секоја држава во светот ги доставува на дневно ниво.

Овие статистики треба да се земат внимателно бидејќи секоја држава има различен пристап кон сумирањето и објавувањето на податоците што е потврдено и од СЗО.

Она што загрижува е фактот што Македонија е лидер во најтешката категорија – број на починати пациенти на еден милион жители. Иако нашата држава нема најголем број на жртви статистиката покажува дека во Македонија има 199 починати од коронавирусот на еден милион жители.

Потоа доаѓа Босна и Херцеговина со 75 жртви и Словенија со 54 починати на еден милион жители. Србија каде што според официјалните податоци досега починаа 461 пацинет го има просекот од 53 жртви на еден милиопн жители. Најмал просек во регионот имаат Хрватска со 29 и Грција со 19 жртви.

Нашата држава има највисок сооднос и на заболени на еден милион жители – 4.332 лица иако нема најголем број на заболени во регионот.

Црна Гора е на второто место со 3.299 на еден милион, Босна и Херцеговина има 2.448 заболени на еден милион а Србија која има најголем број на регистрирани случаи е на четвртото место со 2.347 заболени на еден милион. Словенија со 936 и Грција со 382 позитивни на еден милион се на дното на статистиката.

Вториот бран на вирусот од ден во ден продолжува со несмален интензитет и во повеќето држави на Балканот бројките на нови случаи на дневна база се трицифрени.

Во моментов најмногу активни случаи има во Србија – 5.990.

Во Босна и Херцеговина има 4.267 активни случаи, Бугарија има 4.258 активни случаи а Македонија е на четвртото место со 3.885 активни случаи.

Состојбата со вирусот сеуште не ескалирала и е под контрола во Хрватска каде се регистрирани 1.204 активни случаи и во Словенија која има убедливо најмал број на активни случаи – 266.

Тестирањето е клуч во борбата со ширењето на вирусот.

Статистички во оваа категорија Србија е апсолутен лидер со вкупен број на направени тестови – над половина милион и 62.061 тест на еден милион жители. По неа следуваат Словенија и Црна Гора а македонија е на четвртото место со спроведени 84.916 тестиорања или 40.759 теста на еден милион жители.

Најмал број на тестови се направени во Црна Гора – 28.912 а најмал просек има Албанија – 10.791 на еден милион.

Во последните десет дена во Македонија се регистрирани 1.697 нови случаи а 60 пациенти ја загубија битката со вирусот.

Само еднаш во изминатите десет дена бројката падн под 100 а вчера беше досега највисоката од почетокот на епидемијата – 241 заболен.

Според микробиологот доктор Никола Пановски поради недостатокот на анализа од надлежните ситуацијата не е јасна, а разлабувањето на мерките, пасивноста и отсуството на казнување придонесуваат бројките да не паѓаат.

Пановски смета дека изборите и активности поврзани со изборите ќе влијаат врз натамошниот тек на ширењето на епидемијата и бројките на нови случаи.

Ширењето на вирусот се засилува глобално а тоа го потврди и СЗО кој соопшти дека вчера беа регистрирани 259.848 новозаболени и 7.360 смртни случаи што е најмногу од појавата на пандемијата на коронавирусот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе