Вести Ковид19 Свет Топ вести

Ковид 19 се повеќе се шири на Балканот

Се влошува ситуацијата на Балканот со заразата од коронавирусот. Во Србија речиси насекаде расте бројот на заболени. Вкупниот број на регистрирани случаи е 18.360. Инфективните одделенија се преполни низ целата земја, а епидемиолозите очекуваат пикот да се случи до крајот на оваа недела. Но, она што е загрижувачки е што сега границата на новозаболените се помести надолу. Се повеќе болни се млади од 20 до 40 години, кои не успеваат да се изборат со болеста. За докторите, шокот е голем, поради што се одлучиле да направат обдукции на починатите од ковид. Податоците кои ги добиле биле фрапантни. Односно болеста со неверојатна брзина го разорува организмот.

Во Србија има позитивен податок. Направена е обдукција на 17 починати од вирусот и добиени се фрапантни резултати. Доаѓа до некроза на белодробното ткиво, кое не може да се поправи со ништо. Тоа ја објаснува и сликата на болеста каде пациентите умираат за 48 часа. Тоа би требало нашите млади да го сфатат – дека тоа не е една обично воспаление на белите дробови, која ќе помине со антибиотици, неколку дена ќе лежам и кашлам и ќе оздравам. Не. Имате голем број на пациенти што сега се покажува, секој ден смртноста е по 10,11,12, 13 – тие умираат иако немаат никави болести пред тоа – што ние ги викаме коморбидитети, вели проф.д-р Миљко Ристиќ, кардиохирург на Институт Дедиње.

Здравствениот капацитет во Србија е реччиси пред колапс, а се поголемиот број на заразени е причината грчката граница да остане затворена за српските туристи до 1 август, и покрај тоа што би покажале негативен тест на корона.

На Косово од денеска е задолжително носење на заштитните маски. Тука стапката на инфицирани е близу 150 на 100 илјади луѓе. Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва троцифрена бројка од појавата на пандемијата.

Романија има по 500-тини случаи дневно, поради што Австрија, Грција и Унгарија им забранија влез во нивните држави.

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 13 милиони лица

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани рекорден број на заболени – 230 илјади. Најмногу има во САД, по што следуваат Бразил, Индија, Русија и Перу. Мексико ја надмина Италија по број на смртни случаи од Kовид-19 и стана четврта земја во светот по бројот на починати. Добри вести од регионот Лигурија во северна Италија, која беше најтешко погодена од коронавирусот. Првпат од почетокот на пандемијата нема нови случаи на зараза. Според најновите податоци, нема нови смртни случаи.

Светот е во трка со времето да ја најде вакцината. Но, не изостануваат и новите студии. Научниците од лондонскиот Кралски колеџ во најновото истражување заклучија дека луѓето со прележан ковид 19 имаат краток имунитет кој трае само три месеци. она што останува нејасно е дали и по исчезнувањето на антителата, личноста останува чувствителна на истиот вирус или може повторно да се зарази. Но, за научниците, ова се важни импликации кои можат да ја дадат насоката за долготрајноста на заштитата од вакцината.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе