Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер
Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, предавање ќе одржи Владимир Јанковиќ, професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Предавањето насловено како „Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите“,ги проучува кондензирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание кај јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие немаат негативна конотација, како другите еколошки девастирачки процеси: климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите и токсичниот отпад. Предавањето ќе...