Вести Свет Топ вести

Нова масовна гробница кај Киев, руските сили се движат кон југот на Украина

Десетици тела се пронајдени во нова масовна гробница во Украина по повлекувањето на руските сили од регионот околу Киев.

Во близина на бензинска пумпа во селото Бузива кое се наоѓа северно од главниот град пронајдена е јама со дестици тела, меѓу кои има и цивили. Регионалните власти на Дмитривка каде се наоѓа селото јавуваат дека освен во јамата, тела се пронајдени и во дестина ракетирани автомобили оставени на главниот пат кој поминува низ селото.

Телата пронајдени во Бузива е последна од низата на ужаси кои зад себе ја остави руската војска повлекувајќи се од регионите на северот од земјата, кои повторно се враќаат под контрола на украинските сили.

Според Канцеларијата на високиот претставник за човекови права на ОН до 6 април во војната во Украина животот го загубиле 1.611 цивили од кои 131 се деца.

Сепак од таму се потенцира дека реалните бројки можат да бидат многу повисоки.

Украинските власти пак до сега утвриле 5.600 случи на воени злосторства сторени од руската армија во Украина.

„Отворивме 5.600 случаи само на воени злосторства во Украина. Имаме главен случај со 500 осомничени. Тоа е случај на агресија. Агресија, криминал, агресија од Руската Федерација против Украина. А тие 500 осомничени се во врвот на армијата, во врвот на политиката, топ пропагандни агенти на Руската Федерациија, кои направија се, кои ја започнаа и ја продолжуваат оваа војна во Украина“, изјави Ирина Венедиктовам, главен обвинител на Украина.

И додека се пребројуваат жртвите и злосторот сторен во северниот дел од Украина по повлекувањето на руските сили, последните сателитски снимки покажуваат прегрупирање и засилување на руските трупи во источниот и во јужниот дел на Украина.

Новите сателитски снимки на „Максар“ од петокот покажуваат конвој од воени возила долг 13 километри како се движи кон Донбас преку градот Велики Бурлук. Руките сили ги контролираат и областите на истокот од Украина од Харков на север до Керосн на југ.

Воените експерти ваквите прегрупирања ги опишуваат како потег на „се или ништо“.

И додека се очекува засилување на воените дејствија на југот и истокот на земјата каде цели градови се веќе сраменти со земја, за денеска се договорени девет коридори за извлекување на цивилите од регионите на Донец и Луганск. Истовремено претставникот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Украина соопшти дека нивниот хуманитарен тим веќе пет дена се обидува да се пробие до градот Мариупол каде се уште се заглавени илјадници цивили без храна, вода, лекови.

„Понекогаш луѓето на контролните пунктови и војниците не се свесни за вашето патување. И тоа е само илустрација за тоа колку е тешко тоа да се спроведе договорот меѓу главните градови и наредбата да стигне до контролните пунктови. Затоа отидовме таму со автобуси Се движевме. Се обидуваме. Се обидуваме повторно и повторно. Но, за жал, ситуацијата околу Мариупол беше премногу опасна, безбедносните услови не беа добри, ниту безбедносните гаранции што ги добивме не беа добри, па на околу 20 км од Мариупол моравме да се вратиме“, изјави Паскал Хунд, шеф на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Украина.

Во меѓувреме 4,5 милиони цивили, главно жени и деца досега успеале да ја напуштат Украина, од кои 2,5 милиони во Полска.

На украинско-полската граница и денеска колони бегалци од Украина чекаа да преминат на безбедно, меѓу нив и преживеани од ракетирањето на железничката станица во Краматорск при што загинаа 52 лица, а 100 ранети.

„Видовме многу мртви тела, парчиња од ракетата и стакло, едно од нив ме погоди. Некои луѓе беа повредени, им недостигаа делови од нивните тела. Мали деца беа на подот. Видовме огромна ракета, која падна и чад. Видовме се“, е сведоштвото на Татјана Перегорода, 42-годишна бегалка од регионот Доњецк.

 

„Беше многу тешко да се бега, бевме под гранатирање, со дете. Заминавме во конвои со автомобил. Ни беше многу тешко да го напуштиме нашиот роден град, што повеќе. го нема“, го раскажува своето искуство Олена Миколаивна, 40-годишна бегалка од Мариупол.

За злосторствата сторени од руските сили во Украина телефонски разгорале и украинскиот претседател Володимир Зелински и германскиот канцелар Олах Шолц.

За тоа преку својот твитер информираше Зелински, при што и двајцата подвлекле дека сите сторители на воени воени злосторства мора да бидат идентификувани и казнети, а разговарале за санкции кон Русија, одбрана и финансиска поддршка за Украина.

На 46-тиот ден од руската инвазија врз Укрина повик за мир денеска стигна од папата Франциск.

Тој на мисата за почетокот на Светата недела, повика за велигденско примирје во Украина за да се направи простор за мир преку преговори, истакнувајќи ја потребата лидерите да направат некои жртви за доброто на народот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе