Вести Економија Македонија Топ тема

Гувернерката на Народната банка Ангелоска Бежоска за Топ Тема: Инфлацијата во нашата земја во најголем дел е увезена, заради зависноста од храна и енергенси од странство

Инфлацијата е глобален феномен, по една декада на ниска инфлација, тој тренд заврши и сега сме во друга фаза. Тие особено дојдоа до израз во втората половина од минатата година заради енергетската криза а продолжуваат и оваа година, изјави Гувернерката на Народната банка, Анита Ангелоска Бежоска во вечерашната Топ Тема.

Претпоставките за растот на инфлацијата сега се драстично промените, а ММФ се уште нема нови проценки , последната беше за 5% глобална инфлација но клучна претпоставка за таа проценка беше стабилизација на цената на енергенсите, што се уште не се случи.

„Ние сме мала и отворена економија, нашата отвореност изнесува 140% од БДП-то и по дефиниција сите економии кои што се одликуваат со висока трговска отвореност се многу подложни на надворешни шокови. Како шокови во поглед на реалната економија, трговскиот канал, така и во однос на увезување на странската инфлација“ – изјави Ангелоска Бежоска.

Таа појасни дека е тешко да се прецизира колку од инфлацијата во Македонија е домашна а колку е увезена.  Но ако се земе предвид високата трговска отвореност на земјата, односно фактот дека голем дел од тоа што го трошиме е всушност увезено, особено храната и енергенсите, каде што сме нето увозници, тоа значи дека доминантен дел од инфлацијата со која се соочуваме е увезена инфлација.

Во однос на монетарната политика, односно евентуалното зголемување на каматната стапка на кредитите за граѓаните , Ангелоска-Бежоска, изјави дека многу е важно каква е патеката на инфлацијата, кои се факторите кои ја движат и какви се проекциите за нивното натамошно движење.

Во однос на прогнозите за евентуалното ревидирање на економскиот раст, Гувернерката Ангелоска Бежоска оцени дека јасно е дека постои надолен ризик за растот, од индиректните канали, случувањата во ЕУ, која е нашиот главен трговски партнер, кон која извозот учествува со близу 80% од вкупниот наш извоз. Проценките на Европската централна банка се надолни во однос на растот. Но колку и како тоа ќе се одрази на нашата економија не е едноставно прашање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Што ќе смени амандманската расправа за ребалансот на Буџетот?

Дејан Дејан

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе