23 јануари 2020-та веста дека малку познатиот град Вухан во Кина е под „клуч“ на властите, одекна во светот. 76 дена долгиот карантин го проследија вознемирувачки снимки од војската и полицијата кои недозволуваа движење на граѓаните, а спортските сали се претвораа во лекувалишта за инфицирани граѓани. По две години во Вухан ја нема заразата, граѓаните шетаат слободно а во градот, се вратија спортските, културните и јавните манифестации. Наставата се одвива нормално ,а бројот на новоинфицирани е незначителен. Но, зад привидот на нормалниот ток на животот сеуште се трага по одговори. Како отпочна заразата и кој е виновен за смртта на блиските? Таткото на Џанг Хаи бил примен во болницата во Вухан поради скршеница во јануари 2020 година, за време на раните денови на избувнувањето, каде што се заразил со коронавирусот и подоцна починал. Во отвореното писмо до претседателот Си Џинпинг на Кина, Џанг повика на компензација и казнување на одговорните службеници но и независна истрага од онаа на светската здравствена органзиација.
„Она за што сум лут е што поминаа две години од избувнувањето на заразата во Вухан, но досега нема убедлив заклучок од истрагата. Мислев дека таканаречената истрага на СЗО е прилично неодговорна бидејќи имаше многу работи кои тие не ги видоа со свои очи. Тие само побрзаа со таканаречена истрага. Јас не ја признавам истрагата, ниту многу други семејства од Вухан кои ги загубија најблиските“, вели Хаи.
Џанг вели дека оние кои сакаат да ги повикаат властите на одговорност се соочуваат со малтретирање, бидејќи во Кина е многу тешко да зборувате. Храбриот Кинез го посочи и примерот со лекарот Венлианг кој прв во светот алармираше за вирусот, беше замолчен заради ширење лажни вести за на крај да почине и самиот од заразата. Официјалната државна статистика говори дека Во Вухан и областа починале 4600 лица, а во 2021 никој не подлегнал на ковид -19. Но, и по две години од првиот Ковид карантин, Вухан шета слободно додека најизолираниот остров Кирибати замина во прв локдаун. По две години црна годишнина од првиот карантин короната руши рекорди и пред три дена зафати дури 4 милиони луѓе ширум светот за само едно деноноќие. Од киенскиот сој преку делта до омикрон варијантата пандемијата заболи 350 милиони луѓе, а 5 и половина милиони подлегнаа на болеста. Индија ,Сад и Бразил прединачат по бројот на заразени додека Македонија е 6-та во друштво со уште 5 балакански земји во кои смртноста има најголем процент. Додека се кројат верзии кога и како ќе дојде крајот на пандемијата, светската здравствена организација уверува дека Омикрон не е последниот сој кој напаѓа со очекување но и предурпедување дека болниците сеуште се под удар на панедмијата а граѓаните со кревко здравје и понатака се во ризик од вирусот за кој се верува дека се појави на пазар во Вухан под сомнеж дека е пренесен од љиљак на човек.
Павле Беловски