Економија

Владата пак ќе рента 45 возила – тврди така било најекономично

Владата ќе се поднови со 45 службени возила во кои ќе се возат премиерот, министрите и странските државници. Но, автомобилите нема да се купат туку ќе се изнајмуваат преку оперативен лизинг во нередните три години. Според претходните вакви набавки –  тоа ќе значи дека граѓаните за 36 месеци ќе плаќаат за рати за лизинг по најмалку 1.000 евра месечно, или околу 40.000 евра по возило за 36 месеци. Сума што е приближно иста колку што би чинело возилото да се купи од авто салон. По три години 45-те возила наместо да се паркираат во владата- ќе треба да се вратат назад на лизинг компанијата. Ова ќе биде  4- ти ваков тендер за 9 години, втор на оваа влада. А до сега се потрошени околу 4,6 милиони евра само за рентање на владините возила.

Јавноста на нож ја дочека владината одлука. Од антикорупциска ќе побараат од СОЗР подетални информации за да видат која е оправданоста на набавката. За експертите пак ова е еклатантен пример за нерационално трошење на парите на граѓаните.

Од Владата пак оцениле дека оперативниот лизинг бил најповолното решение Деновиве ќе биде објавен тендерот и ќе се знае точно колку пари ќе се потрошат.

Од СОЗР пак тврдат дека вака ќе заштеделе. Ќе ги избегнеле и трошоците но и тендерите кои знаеле да траат долго и да ја намалат ефикасноста на Службата. Но вака и функционерите немало да останат без возило доколку некое остане дефект – оти обврска на компанијата е веднаш да обезбеди друго.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ не ги намали каматните стапки, монетарна политика останува внимателна

Дејан Дејан

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Европската централна банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе