Вести Свет Топ вести

ЕП ќе разгледа и ќе гласа за недоверба на Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе се соочи со  предлог за недоверба во Европскиот парламент, кој најверојатно ќе го открие незадоволството поради поместувањето на политиките на ЕУ кон десницата.

Се очекува Фон дер Лајен лесно да го преживее денешното гласање по предлогот за укор, кој теоретски би можел да ја собори нејзината комисија. Иако нејзиниот опстанок се смета за сигурен, дебатата ги изнесе на површина наталожените незадоволства кај центристичките, централно-левичарските и зелените пратеници во Европскиот парламент кои ја изгласаа повторно на функција пред нешто помалку од една година, по изборите на кои десничарските националисти остварија најдобри резултати досега.

Предлогот за укор – поднесен од крајно десничарскиот, скептик кон вакцините, романски европратеник Ѓорге Пипереа – формално се однесува на одбивањето на фон дер Лајен да ги објави СМС-пораките што ги разменувала со извршниот директор на „Фајзер“ во пикот на Ковид-пандемијата. Нејзиното одбивање да ги открие пораките беше осудено од највисокиот суд на ЕУ и опишано како „лошо управување“ од страна на независен надзорен орган.

Предлогот содржи и критики за фондовите на ЕУ за закрепнување од Ковидот и за правната основа на Фондот за одбрана во вредност од 150 милијарди евра (129 милијарди фунти), како и неосновани обвинувања за мешање во неодамнешните избори во Германија и Романија.

Текстот на Пипереа доби поддршка од 76 истомисленици – националисти и екстремисти – со што го надмина потребниот праг од 10 отсто за да биде ставен на дневен ред.

Во борбен настап во Европскиот парламент во понеделникот, Фон дер Лајен ги исмеа „лажните тврдења за мешање во избори“ и обидите за „одново пишување на историјата“ за тоа „како Европа успешно ја надмина глобалната пандемија заеднички“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе