Вести Македонија Топ вести

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Повеќе од 20 пожари беснеа ширум државата. Се гаснеше од земја и воздух, а помaгаа и воздухоплови од регионот. По серијата пожари што избувнаа на неколку локации низ државата во исто време, МВР отвори истраги и ќе истражува дали дел од пожарите се намерно подметнати.

Министерот Тошковски вели дека се разгледуваат сите опции, вклучително и сценарио кое би можело да има друга позадина. Тошковски апелираше на зголемена внимателност и соработка со институциите и порача дека секој намерен чин на подметнување пожар ќе биде санкциониран строго.

„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио од случајност. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка, притвор. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, почнува втор, а како се неутрализира втор, стартува трет пожар. Од страна на МВР сум информиран дека се сомневаат оти станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, изјави министерот.

Најкритично беше во Крива Паланка за каде градоначалникот постојано во текот на денот алармираше дека немаат помош и сами се справуваат со пожарот. Во моментот пожарот на подрачјето е локализиран.

Во текот на денот низ Македонија имаше вкупно 25 пожари. Надлежните соопштија дека во моментот сите се под контрола. Претседателката потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснење на пожарите, војнвиите веќе се распроедуваат на критичните точки во скопскиот регион.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе