Скопје се соочува со сериозна водоснабдителна криза, а причината не е технички дефект или лоша инфраструктура, туку – неконтролирана и криминална потрошувачка.
Природниот извор Рашче, кој е примарен извор на питка вода за главниот град, во услови на суша и екстремно високи температури има намален капацитет.
Во исто време, дневната потрошувачка на вода достигнала рекордни нивоа далеку над нормалната потрошувачка што пак според надлежните укажува на масовна злоупотреба.
Институциите тврдат дека секојдневно се откриваат по 30 диви приклучоци, преку кои се полнат базени, се наводнуваат ниви, се снабдуваат дивоградби – без никаков надомест.
Овие корисници ја добиваат водата буквално бесплатно, што создава огромен притисок врз системот и ги остава илјадници скопјани без вода, токму во најкритичните денови.
Надлежните алармираат дека додека не се санкционира јавно и казнено барем еден од ваквите случаи, нема да има подобрување.
Сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне се очекува изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, со брзина над 60 км/ч.
Максималната температура во главниот град ќе достигне до 41 степен. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да се заштитат од топлотниот удар.
Од среда навечер и особено во четврток, температурите ќе се намалат за 8 до 10 степени поради продор на посвежа воздушна маса од север.
Во истиот период ќе дува засилен северен ветер, а во северниот дел на државата се очекува повремен дожд.