Напорите за спасување и расчистување продолжија и денеска во Тексас, откако бројот на загинати од катастрофалните поплави што го погодија регионот за време на викендот надмина 100 лица.
До сега потврдени се најмалку 104 жртви, а стотици спасувачи сè уште трагаат по исчезнати луѓе, особено во тешко погодената област Кер Каунти, каде што се пронајдени телата на 84 лица, меѓу кои 28 деца.
Властите сè уште не одговараат на прашањата зошто некои летни кампови не биле евакуирани навреме, и покрај тоа што постоеле предупредувања за временски непогоди.
Метеоролозите предупредуваат дека нови врнежи се очекуваат во наредните денови, што дополнително го зголемува ризикот од нови поплави во централните делови на Тексас.
Локалните и федералните служби за вонредни состојби остануваат на терен, со ангажирање на хеликоптери, чамци и волонтери, додека надлежните подготвуваат и привремени сместувања за раселените семејства.